Актуелниот украински претседател Петро Порошенко, кој од денеска е и официјално кандидат за претстојните претседателски избори, изјави дека „Русија се обиде да го блокира влезот на Република Северна Македонија во НАТО, но Македонија тоа го надмина покажувајќи единство”.
-Патот на Република Северна Македонија беше многу тежок, но земјата покажа единство и ги уништи плановите на Русија, која се обидуваше да го оневозможи тој важен чекор кон јакнење на безбедноста на Европа. И вратата на НАТО е отворена за 30-та членка, истакна Порошенко.
Протоколот меѓу Македонија и НАТО беше потпишан вчера, со што е отворен патот за членство на земјата во Алијансата.
Порошенко наведе дека процесите за пристапување во НАТО и ЕУ се меѓусебно поврзани.
Тој за тоа говореше во текот на денешната седница на Врховната рада на која се расправа за измените на Уставот со цел побрзо чекорење кон полноправно членство на Украина во ЕУ и НАТО.