Бројот на загинати, во осумкатницата која се урна во Истанбул, порасна на 10, додека 13 луѓе со повреди се извлечени од урнатините, соопштија властите. Меѓу нив е и петгодишно девојче која е спасена 18 часа по уривањето на зградата, пренесе Ројтерс.
Во текот на ноќта, спасено е и едно деветгодишно дете. Зградата со 14 станови во ки живееле 43 лица се урна во средата, а причина за уривањето е предмет на истрага. Властите велат дека последните три ката биле нелегално изградени.