Колумбиски ветеринар кој криумчарел хероин во САД, така што го ставал во мали кучиња, е осуден на затвор, објави Би-би-си. Андрес Лопес Елорес одгледувал кучиња на свјата фарма во периодот од 2004 до 2005 година и во нив ставал кесички со хероин, шверцувајќи ја дрогата преку граница.
Кој е уапсен во Шпанија во 2015 година и пренесен во САД, за да му се суди поради кривично дело – криумчарење дрога. Судијата во Бруклин го осуди на шест години затвор.
„Дојде мачката на врата. Андрес Лопес Елорес е виновен за недолично користење на своите ветеринарски вештини, за да скрие хероин во кучињата и така го криумчарел во САД“ рекол обвинителот.
Полицијата на 1 јануари 2005 годин ја пребарала фармата на Елорес во градот Медељин, во Колумбија и ја разоткрила операцијата за шверцување дрога. Биле најдени 9 кучиња, како и 17 кесички хероин, кои вкупно тежеле речиси 3 килограми. Властите десет кесички со дрога извадиле хируршки од кучињата. Три кучиња умреле по операцијата поради вирусна инфекција.
Елорес успеал да побегне во Шпанија, а полицијата трагала по него со години.