Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, чии легитимитет е доведен во прашање по одлуката на повеќе земји да го признаат спикерот на Националното собрание, Хуан Гуаидо за привремен шеф на државата, денеска и нареди на армијата да не дзоволи влез во земјата на хуманитарна помош од странство.
Мадуро оцени дека во Венецуела „нема хумaнитрана криза” и дека испраќањето „помош спонзорирана од САД” претставува обид да се направи „евтино шоу и да се опрвада државниот преврат” во Венецуела.
Поради одлуката на Мадуро, камионите што превезуваат храна, лекови и друга помош, стојат блокирани на границата меѓу Клумбија и Венецуела, кај колумбискиот град Кукута.
Според Мадуро, најдобро би било таа хуманитрана помош „да им се подели на сиромашните колумбиски граѓани”.
– Ако сакате да помогнете, ослободете ги парите на нашата земја што ги блокиравте. Ги украдовте парите, сега ни нудите тоалет хартија, изјави Мадуро на прес-конференција во Каракас.
Американскиот Стесјт Департмент, кој ја обезбеди хуманитраната помош за Венецуела, во меѓу време, ги повика венецуелските безбедносни сили да им дозволат на камионите да влезат во земјата.
Шесте камион со хуманитрана помош уште вчера пристигнаа во Кукута, но не им беше дозволено да влезат во Венцуела.
Колумбиската телевизија Ере-Це-Ене во средата јави дека венецуелските власти со цистерна и бродски контејнери го блокирале мостот „Тиендитас” на границата со Колумбија нај Кукута, во обид да спречат влез на хуманитрана помош во земјата.
По објавувањето на оваа вест, на Твитер се огласи американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој го обвини Мадуро дека „ја блокира хуманитраната помош со камиони и бродски контејнери”.
– На венецуелскиот народ очајно му е потребна хуманитрана помош. САД и други земји се обидуваат да помогнат, но венецуелската војска по наредба на Мадуро ја блокираше помошта со камиони и бродски контејнери. Режимот на Мадуро мора ДА ДОЗВОЛИ ПОМОШТА ДА СТИГНЕ ДО ГЛАДНИОТ НАРОД, објави Помпео на Твитер.