Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ја посетија детската градинка „Кочо Рацин“, каде што се инсталирани прочистувачи на воздухот. Истите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата на РМ што се спроведуваат во рамки на борбата против аерозагадувањето во нашата држава.
„На вчерашната 24-та седница на Советот на општината прифативме донација согласно со одлуката на Владата на РМ. Како донација на МЖСПП вкупно се донирани 17 прочистувачи за воздух и истите се распоредени во три објекта, и тоа во ЈУДГ ОЦ ‘Кочо Рацин’ – 9 прочистувачи, ЈУДГ ОЦ ‘Раде Јовчевски Корчагин’ 5 и ЈУДГ ОЦ ’13 Ноември’ – 3 прочистувачи. Во план е овој тренд да продолжи во соработка со Град Скопје, Министерството за животна средина и Владата“, изјави градоначалникот Богдановиќ.