Актерот Алберт Фини почина по кусо боледување во 82. година од животот. Семејството соопшти дека починал по кусо боледување, а болеста ја поминал во мирно окружување на најблиските.
Тој својата кариера ја почна во „Ројал Шекспир компани“ пред да го сними првиот филм. Фини петпати беше номиниран за „Оскар“, но не успеа да го освои. Првпат беше номиниран во 1964 година за главната улога во „Том Џонс“, а последната шанса ја имаше во 2001 за споредна улога во „Ерин Брокович“. Трипати беше награден со „Златен глобус“ и еднаш со „Еми“.
Пошироката публика особено го памети по улогата на детективот Поаро во оригиналната верзија на „Убиство во Ориент експрес“ од 1974 година, а последниот филм го сними во 2012 кога се појави во „Скајфол“.
Тој во 2011 година објави дека има рак на бубрезите.