СДСМ: По Германија, Македонија најмногу тргувала со Грција

Според последните податоци за трговската размена, по Германија, Македонија најмногу тргувала со соседна Грција што докажува дека решавањето на 27 годишниот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка меѓу двете земји, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

Од СДСМ додаваат дека местото во НАТО ја гарантира безбедноста и носи инвестиции, економски раст и повеќе пари кај граѓаните

„Со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, нашата држава конечно го го добива своето место во најголемиот безбедносен сојуз во светот. Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси. Загарантирана е безбедноста, заштитени се границите“, велат од СДСМ. Но освен безбедносните аспекти, влезот во НАТО позитивно влијае и врз економијата. Тоа е можност за нови инвестиции, нови работни места и зголемена конкурентност на македонската економија“, се вели во соопштението на СДСМ. По влезот во НАТО и придвижувањето на интеграцијата во ЕУ, од владејачката партија очекуваат силна економија, повеќе пари и  повисок животен стандард за граѓаните

 

Треба да знаете
Последни објави