Американски производител на спортска опрема има посебно барање до Барселона кога станува збор за најновото засилување на Каталонците, Френки Де Јонг.
Каталонците во јануарскиот преоден рок го комплетираа трансферот на 21-годишниот холандски фудбалер за врска за 75 милиони евра, Френки Де Јонг, а Барселона доби посебно барање за овој фудбалер.
Од производителот побарале на неговиот дрес да стои името Френки, наместо презимето Де Јонг, а младиот Холанѓанец исто така ќе го добие и дресот со број 21.
„Во јули ќе потпишам официјален договор и ќе бидам претставен во Барселона. Би го сакал бројо 21, тоа е мојот број. Исто така, американскиот бренд бара да го користам името на дресот, наместо презимето. Тоа повеќе им одговара од маркетиншки причини и навистина не знам за што ќе се одлучам“, изјави Френки Де Јонг.