Тасева до новите антикорупционери: Знаењето и интегритетот да ги ставите во функција на борба против корупцијата

Ја добивте довербата во една транспарентна и отворена постапка, во која беше спроведен и делумен ветинг за проверка на вашиот интегритет. Сега ја имате нашата поддршка вашето знаење, искуство и интегритет да ги ставите во функција на справување со големиот проблем на корупцијата. Нашата поддршка и соработка секогаш ќе ја имате на располагање, им порача претседателката на Транспаренси Интернешнел и прв претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата Слаѓана Тасева.

Транспаренси Интернешнл Македонија му честита на Собранието на Република Македонија за ефикасното спроведување на постапката за избор, која, како што се посочува во соопштението, е транспарентна и обезбедува да се натпреваруваат личности кои навистина ги исполнуваат формалните услови, кои имаат компетенција  и кои манифестирале личен интегритет, а за првпат е утврдена со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвоен во јануари оваа година.

-Собранието на Република Македонија покажа подготвеност да го прифати предизвикот и да овозможи постапка за избор во која ќе учествиваат и претставници на институции и невладини организации, а во интервјуто да учествуваат и претставници од невладините организации и медиумите, велат од Транспаренси Интернешнл Македонија.

Ова е првпат ваков модел на избор да се применува било каде во светот и затоа, посчуваат од оваа организација, очекуваме истиот да биде прифатен како позитивен пример и добра практика

Претседателка на Антикорупциска е ревизорката Билјана Ивановска. Членови се Владимир Георгиев државен советник на секретаријатот на Антикорупциска, Софка Пејовска Дојчиновска, раководител на сектор за спречување на корупцијата и судир на интереси во Антикорупциска. Тие беа прворангирани од Комисијата за селекција на кандидатите и двајцата работат во Антикорупциска од нејзиното формирање до денес. Останатите четири членови се ревизорката Катица Николовска, Нури Бајрами вработен во Општина Гостивар, новинарот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Трпеноски и Салаи Шемши вработен во Општина Врашчиште.

Треба да знаете
Последни објави