Тајландска принцеза и ѕвезда од ТВ сапуници во трка за премиер на земјата

Сестрата на тајландскиот крал влезе во трката за премиерската фотелја како главен кандидат на популистичката партија лојална на Тахсин Шинаватра кој во 2006 година беше соборен од премиерската функција со воен пуч. Ова е случај без преседан во кралското семејство, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Принцезата Уболратана Раџакања Сиривадана Барнавади (67), е постара сестра на кралот Маха Ваџиралонгкорна, исто така е позната по тоа што глумела во тајландски сапуници и со години живеела во Калифорнија.

Еден од нејзините главни ривали на изборите на 24 март ќе биде актуелниот премиер Прајут Чан-оча, лидер на владејачката воена хунта, кој исто така денеска ја објави својата кандидатура.

Според него, кандидатурата на принцезата претставува прекршување на законите кои забрануваат политичките партии да ја користат монархијата во своите кампањи.

Тајланд е уставна монархија од 1932 година, но кралското семејство има големо влијание и ужива поддршка од милиони граѓани.

Треба да знаете
Последни објави