Тинејџер спасен од урнатините на зградата во Истанбул по два дена

Турските спасувачи денес извадија 16-годишно момче од урнатините на осумкатницата во Истанбул, што се урна пред два дена, рече турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојла. Тинејџерот веднаш бил хоспитализиран, им кажа  Сојла на новинарите.

Нема информации за состојбата на тинејџерот. Со неговото спасување, бројот на лицата што беа извадени од урнатините се зголеми на 14, а беа пронајдени и тела на единаесет жртви. Зградата во истанбулскиот кварт Картал, на азиската страна на градот, се урна во средата. Причината за уривање се истражува. Зградата имала 14 станови и 43 станари.

 

Треба да знаете
Последни објави