Тројца државјани на Македонија завршија во истражниот затвор „Реметинец“ во Загреб, откако провалиле во стан во главниот град на Хрватска, од кои однеле злато и разни предмети. Двоајца Македонци на возраст од по 36 години и еден 42 годишник кражбата ја извршиле сред бел ден во вторникот.
Тројката ладнокрвно меѓу 12 и 14 часот дошле до станот во населбата Трешњевка и со подесен предмет ја провалиле бравата од станот на 65 годишна жена и во кој за кусо време направил дер-мар. Но по темелнниот претрес и со пленот од станот не стигнале далеку.
Од загрепската полиција велат дека осомничените се дел од криминална банда од Македонијa, a коi билe активнi и провалувалe во повеќе држави од Европската Унија, но ова им била прва регистрирана кражба во Хрватска.
– Тројцата во Загреб престојувале во изнајмена соба во која го чувале провалничкиот алат, како и дел од украдените прдмети. Со нивното апсење е спречено понатамошното провалување во домовите на загрепчани. Материјалната штета не е утврдена, а по завршување на криминалистичко истражување полицијата ги предаде осомничените на притворските надзорници, а доставен е посебен извештај до Општинската државно обвинителство, велат од полицијата.