Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во 2017 година рекол дека ќе употреби „куршум” врз новинарот Џамал Кашоги ако не престане да го критикува ултраконзервативното кралство, пренесува весникот „Њујорк тајмс”.
Медиумот ги цитира поранешните и актуелните официјални лица од САД и од светот, кои во разузнавачките извештаи навеле дека принцот тоа го кажал во разговор со роднината Турки ал Дахил.
Тој разговор го пресретнала американската разузнавачка служба, која во моментов работи на собирање податоци од телефонска и СМС комуникација од изминатите години на саудискиот престолонаследник.
Мохамед бин Салман во разговорот рекол дека, ако Кашоги не се врати во Саудиска Арабија со своја волја, тој треба да се врати со сила и оти е подготвен за тоа да употреби „куршум”.
Кашоги, критичар на саудиските власти и соработник на „Вашингтон пост”, беше убиен на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.