Рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин, ги обвини западните земји за продолжување на, како што рече, рускофобичната кампања во Македонија.
Тој рече дека Москва смета дека за прашањето за промена на името на Македонија треба да се разговара во Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Некои западни земји, предводени од САД, навистина го зајакнуваат антируското чувство низ целиот свет, обидувајќи се во својата пропагандна орбита да повлечат што е можно поголем број на земји од целиот свет, притоа ставајќи акцент на атлантаката солидарност“, изјави Баздникин во интервју за ТАСС.