Ватерполисти на српскиот клуб „Црвена ѕвезда“ денеска биле нападнати во кафуле во Сплит, Хрватска.
Случајот во полиција бил пријавен околу пладне. Четворицата ватерполисти во маици на „Црвена ѕвезда“ седеле во кафуле, кога неколку лица ги нападнале. Едниот од ватерполистите за да се спаси скокнал во морето, а напаѓачите избегале.
Нападнатите се Душан Васиќ, Милош Максимовиќ и голманот Александро Краљ.
Ватерполистите итно ќе се вратат во Белград, а мечот од 13. коло на Триглав регионалната лига е откажан.