Норвежанецот Кјетил Јансруд го освои првото место и златниот медал на денешниот спуст од Светското првенство во шведски Оре. Второто место го презеде друг претставник на Норвешка, Аксел Лунд Свиндал за кого оваа трка беше последна трка во неговата кариера. Бронзата отиде кај Австриецот Винсент Крихмаер.
Резултати на првите петмина пласирани:
- Кјетил Јансруд (Норвешка) – 1:19.98 минута
2. Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) – 1:20.00
3. Винсент Крихмајр (Австрија) – 1:20.31
4. Беат Фоиц (Швајцарија) – 1:20.42
5. Матијас Мајер (Австрија) – 1:20.63.
Утре на програмата на Светското првенство е женскиот спуст.