Министерот за култура, Асаф Адеми во рамки на работната посета на Берлин и Берлинскиот филмски фестивал денеска оствари работна средба со Лусиа Рикалде, раководител на секторот Креативна Европа МЕДИА, Европска комисија, Генерален директорат за комуникациски мрежи, содржина и технологија, и со Харалд Е. Третенбреин, раководител на секторот Креативна Европа МЕДИА во ЕАЦЕА – Извршна агенција за образование, аудиовизуелни уметности и култура на Европската Унија.
На средбата, соопшти денеска Министерството за култура, на која присуствувал и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, Адеми го потенцирал значењето на програмата Креативна Европа МЕДИА за Македонија што резултираше со конкретни успешни проекти, како и големата поддршка во соработката меѓу аудиовизуелниот сектор во Европа не само на регионално, туку и на европско ниво.
– Истовремено, беше истакнато дека е од особено значење аудиовизуелниот сектор да излезе од националните рамки и преку размена на искуства да се придонесе за зголемување на капацитетот на продукциите, стои во соопштението.
Министерот за култура Адеми вечер во рамки на 69-тото издание на Берлинскиот филмски фестивал ќе присуствува на Македонската вечер во организација на Агенцијата за филм.