Жител на Селото Челопек пријавил во полиција дека неговото десет годишно дете додека било на час по математика, од страна на наставничката било удрено со дрвен предмет по рацете.
На детето му е укажана лекарска помош во амбулантата во с.Челопек. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.