За граѓаните, распишувањетo на претседателските избори навестува време за избор нов, вистински претседател на сите граѓани, кој заедно со Владата предводена од СДСМ ќе работи за државата, за народот, за иднината, за интеграцијата во ЕУ, соопшти владејачката СДСМ.
„Граѓаните нема да дозволат нов Иванов. Македонија тргна напред, го доби своето место во НАТО, иднината е обезбедена и сигурна, време е за нови чекори за интеграција во ЕУ, засилен економски раст, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните.
Затоа, распишувањето на претседателските избори навестува и една очекувана вест за антизападниот Христијан Хидро Мицкоски: го чека пораз на изборите заедно со неговиот кандидат.
Граѓаните сакаат напредок, иднина, развој, интеграција. Не сакаат деструкција, назадување, блокирање, враќање назад“ порача СДСМ.