СДСМ да престане да бега од граѓаните и да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела. Република Македонија не смее повеќе да тоне само за да може Заев и картелот околу него да нижат милионски профити, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секојдневниот криминал на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста и криминогеноста на власта.
СДСМ нема капацитет да обезбеди јавен ред и мир и затоа граѓаните се постојано исплашени. Улиците не се сигурни. Криминалот станува пракса, а власта ништо не презема. Ова не може да продолжи. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава која може да ја гарантира нивната безбедност и безбедноста на нивниот имот. Со СДСМ на власт тоа не е можно.
Оваа власт целосно го деградираше правото и правната држава. Тоа се гледа и по уништеното судство и обвинителство, кои не одлучуваат согласно закон и устав, туку согласно диктатите на власта.
Држава во која полицијата не процесуира ниту еден случај на криминал, а обвинителството и судството се само политичка алатка на власта не може да оди напред. Република Македонија не смее да продолжи да губи. СДСМ мора да си замине, се наведува во партиското соопштение.