Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рече дека на Хрватска ќе ѝ биде врачена протестна нота поради нападот на српските ватерполисти во Сплит.
Дачиќ за РТС изјави дека нападот е последица на антисрпската кампања која се води во Хрватска.
„Ќе бараме сторителите да бидат идентификувани и казнети, но нас повеќе нè загрижува атмосферата во Хрватска затоа што такво нешто не би се случило во Србија. Затоа одговорност на политичарите во Хрватска е да не создаваат атмосфера која ќе биде поттик за вакви нецивилизирани постапки“, рече тој.
Четворица ватерполисти на белградскиот клуб „Црвена ѕвезда“ денеска беа нападнати во Сплит.