Руското министерство за внатрешни рботи соопшти дека во земјата останале околу 5.500 странски навивачи од Светското првенство, речиси седум месеци по неговото завршување.
Повеќето од нив се од Нигерија – 1.863. Втори по бројност се Виетнамци (911), а трети се државјани на Бангладеш (456), иако овие две земји не учествуваа на СП.
„Илјадници навивачи останале во Русија, од кои поголемиот број се мигранти“, соопшти Министерстото.
Тие го злоупотребиле системот за акредитација на СП, односно имале таканаречени „Fan ID“ која им овозможува на странските државјани во текот на првенството да влезат во земјата без визи.
„Fan ID“ визата важела до 31 декември 2018 година, а ја поседувале околу 12.000 лица. Русија објави дека се очекува до крајот на март да ја решат ситуацијата околу останатите навивачи кои останале во земјата.
„Многу нив се очекува да бараат политички азил, а сите кои ќе бидат одбиени, ќе бидат депортирани“, соопшти Министерство.