– Сите проекти, сите апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста, и сите апликанти кои се одбиени пак ќе се анализираат, тоа го побарав од Комисијата, тоа го имаат прифатено и утре од 10 часот ќе почнат со работа, вели министерот за култура Асаф Адеми по реакциите во јавноста за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.
Во интервју за ТВ Канал 5, Адеми рече дека одлуката за проектите била врз основа на предлозите на работните комисии составени од професионалци кои месец и половина ги разгледувале апликациите, а се врз основа на критериумите од конкурсот што беше објавен во септември лани.
– Јас одлучувам онака како што ми наложува Законот за култура, не сум го измислил начинот на одлучување, ниту пак начинот како ќе бидат финансирани апликациите, наведе министерот Адеми.