Унгарците напорно работеа за да остварат извонреден економски раст, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан во традиционалното обраќање до нацијата. Тој најави низа овластувања за семејствата, за да се поттикне демографскиот раст, а остро ја критикуваше проимигранстаката опозиција и европските бирократи.
Еден од најистакнатите критичари на доаѓањето на блискоисточните и азиски мигранти во Европа, Орбан рекол дека неговата Влада ќе продолжи со економскиот раст од 2 отсто над просекот на Европската унија во следните години, наспроти очекуваното глобално забавување.
Политиката и економијата длабоко се поврзани и ова постигнување не може да се препише само на слепа среќа, рекол Орбан фалејќи ја работата на својата Влада за остварените успеси.
Орбан, кој се претставува како бранител на христијанските вредности во Европа, загрозени од наездата на муслиманите, повторно зборуваше за миграцијата од истокот.
Тој упати критики за брегзит и за Сорос.
„Чекор кон чекор, со постојана и напорна работа, ќе ја искорениме сиромаштијата. Тие се една рака проимигрантски политичари кои го одржуваат Џорџ Сорос и бирократите од ЕУ“ истакнал Орбан, порачувајќи дека се јавуваат сили кои сакаат отворени општества и свет без нации. Тој редовно силно ја критикува организацијата на Сорос, „Отворено општество“.