Тренерот на Челзи, Маурицио Сари не се произнесе за неговата иднина во клубот од „Стемфорд бриџ” по највисокиот пораз во последните триесетина години забележан вечерва на гостувањето кај Манчестер сити со 6:0.
– Мојата иднина? Прашајте го клубот за тоа? – одговори Сари на прашањето од англиски новинар дали ќе поднесе оставка по високиот пораз од Сити.
Италијанецот додаде дека неговите избраници направиле многу грешки, но потенцира дека против себе имале фантастичен тим.
– Направивме многу грешки. Противник одигра фантастичен фудбал. Сакавме да извршиме притисок на почетокот на играта, но нашиот план беше целосно уништен. Тие возвратија со контра удар и не можевме да реагираме правилно, додаде Сари.
Челзи е на 6.место во Премиер лигата со 50 бодови по 26 одиграни натпревари