Околу 50 натпреварувачи учествуваа на вториот „Телеком Мастерс” турнир во пинг-понг од серијата рангирани турнири во Јуниорска категорија U-18, се одржа викендов во Крива Паланка.
Во групната фаза на турнирот фаворитите ги освоија првите места во групите. Исто така и во нокаут системот најдобрите стигнаа до самиот крај, каде што играчите кои ја имаа фаворитската улога ги освоија првите места.
Пласман јуниори:
1. Дамјан Стојчев
2. Даниел Атанасов
3. Војдан Тодоров, Теодор Волкановски.
Пласман јуниорки:
1. Ива Димитриевска
2. Бојана Михајловска
3. Ана Стојановска, Мила Штркова.
Победниците се и првопласирани на ранг листата во јуниорска конкуренција после два одиграни турнири од серијалот турнири кој го сочинуваат четири натпреварувања: Двата Мастерси, Државното првенство и ТОП 8 турнирот.
Пинг-понгарскиот календар продолжува на 17 февруари во Свети Николе со Вториот Телеком Мастерс во сениорска конкуренција.