Пет момчиња во Шибеник извлекле од морето змија долга 2,5 метри. Ветеринарите прво не можеле да кажат за кој вид станува збор, а потоа утврдиле дека во прашање е зелена анаконда.
Змијата ја забележало едно од момчињата, а потоа сите заедно ја зивлекле, пренесе „Слободна Далмација“.
Ветеринарската служба во Шибеник не можела да потврди за кој вид на змија се работи и дали е отровна, но било утврдено дека не припаѓа на ниту една домашна змија, како и дека умрела пред да заврши во морето, се наведува во соопштенито.
Дополнително е утврдено дека е во прашање речна змија, зелена анаконда.
Се претпоставува дека рептилот бил чуван ако домашно милениче, кое умрело, па било фрлено во морето. Со оглед дека телото на змијата е сочувано, ветеринарите заклучиле дека не била долго во водата. Случајот е пријавен во полиција, која ќе спроведе истрага.