Мерките од Оперативниот план создаваат шанси за вработување на младите, и преку вложување во развој на дигиталните вештини
Мерките од Оперативниот план за вработување 2019 година обезбедува фер шанси за вработување на младите, преку најразлични обуки и прекфалификации.
Преку една од мерките обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера за младите.
Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години кои можат да се вработат преку обуки и прекфалификации.
Важно е тоа што новите работни места како ипотребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.
Дополнително, доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година.
Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше реализација од високи 95% и даде одлични резултати. Оправдани се очекувањата дека Оперативниот планот за 2019 година ќе даде уште подобар резултат, пред се за младите луѓе.