На 09.02.2019 година во 04.30 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „Тодосија Паунов” патничко моторно возило „Киа спортаж” со кочански регистерски таблици, управувано од О.Е.(35) од Кочани, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.В.(20) од Кочани, а другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.