Новинар од мексиканско радио бил убиен вчера во државата Табаско. Ова е втор новинар кој е убиен годинава во Мексико.
Новинарот Хесус Рамос Родригез бил застрелан во градот Емилиано Запата. Тој повеќе од 20 години ги водел вестите на радиостаницата 99,9 ФМ.
Табаско се граничи со Гватемала и во неа делуваат моќни нарко картели. Лани во Мексико биле убиени 10 новинари, а поголем број од убиствата не се расчистени.
Во 2010 година, пак, биле убиени 143 новинари и по тоа Мексико е втора најопасна земја за новинари, после Сирија.