Граѓаните не ѝ дадоа доверба на оваа влада да ги вработува роднините во институциите каде што платите се два пати повисоки од минималната плата во земјата, а од друга страна секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владејачките партии во земјата наместо да создадат работни места за граѓаните они вработуват свои членови на семејствата, велат од Беса на Биљал Касами.
„Последните денови во јавноста се шират гласови дека сегашната влада продолжува да функционира како поранешниот режим преку коруптивни методи и вработување на семејствата на министри, пратеници и други владини функционери. Движењето Беса реагира на овој феномен на непотизам и корупција како земја со резервирано место во НАТО Алијансата, државата мора да работи на владеењето на правото, искоренувањето на криминалот и корупцијата и елиминацијата на непотизмот, но врз основа на трудот на академски и професионални повици“, се вели во соопштението.
Од Беса бараат од институциите да се испита непотизмот за кој се пишува во медиумите последните неколку дена и да ги испитаат сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои, како што велат, фаворизираат одредени групи блиски до владините функционери.