Во неколку градови во Русија се одржаа демонстрации во знак на солидарност со опозициската активистка Анастасија Шевченко.
Шевченко е првата личност која е упасена врз основа на новиот закон во Русија кој предвидува „учеството во непожелни организации” да може се казни со затворска казна.
Таа е припадничка на организацијата „Отворена Русија”, финансирана од милијардерот во егзил Михаил Ходорковски.
Околу сто луѓе се собраа во Москва, а неколку десетици имаше и на улиците во Санкт Петерсбург и Екатеринбург.
Русија во 2015 година го усвои контроверзниот закон со кој групите кои наводно им штетат на националните интереси се дефинираат како „непожелни”.
Шевченкова го чека судењето во куќен притвор.