Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски би добиле најголема поддршка од граѓаните ако би се кандидирале на претседателските избори, покажува анкетата на Телма.
За Заев би гласале 12,7 проценти, а за Мицкоски 7,8 отсто, покажа анкетата спроведена за Телма од М Проспект од 15 до 30 јануари, на репрезентативе примерок од 980 испитаници.
Бидејќи двајцата лидери нема да се кандидираат за претседател, кај граѓаните најголема подршка по Заев и Мицкоски има Никола Димитров со 6,9 процент, а веднаш зад него е Стево Пендаровски со поддршка од 5.8 отсто.
Следат Зијадин Села со 5,4 , а со по 4,2 отсто се Влатко Ѓорчев и Имер Селмани, Радмила Шекеринска и Денко Малески имаат по 2,7 проценти поддршка, Гордана Силјановска Давкова 1,3, а Оливер Спасовски 0,9 проценти.