Барселона одигра далеку под својот просек на вчерашното гостување на „Сан Мамес“ во Билбао и актуелниот шампион може да биде и повеќе од задоволен што освои барем бод, бидејќи реално далеку позрелите шанси ги имаше домаќинот кој се соочи со непробивливиот „ѕид“ наречен Марк Андре Тер Штеген.
Германецот правеше чуда на голот и ги воодушеви фановите со своите блескави интервенции, но додека цела шпанска јавност му се поклони за бравурозната партија која ја имаше во Баскија, Ернесто Валверде излезе со еден интересен заклучок поврзан за неговата блескава одбрана во дуелот со Сусаета во првиот дел.
– Мора да се каже дека имаше многу добар натпревар. Сепак, во првото полувреме имаше една интервенција кога најпрво направи пропуст, а потоа си ја поправи грешката со сензационална интервенција. Последната парада во дуелот со Ињаки беше брутална, – порача Валверде.