Шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот од средниот ред на Реал и шпански репрезентативец, Иско.
Според eден медиум, англискиот клуб е подготвен да плати 75 милиони евра за евентуален ангажман на Иско.
Тренерот на „граѓаните“, Гвардиола, во Иско гледа долгорочна замена за Давид Силва.
Дваесет и шестгодишниот Иско оваа сезона настапи на 25 натпревари за Реал и постигна четири гола со една асистенција.