Шпанскиот премиер, Педро Санчез, ја разгледува можноста за свикување на предвремени парламентарни избори на 14. април, објави денеска државната новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на неименувани извори од владата.
Шпанскиот парламент во среда гласа за предлог-буџетот за 2019 година, иако владејачката Социјалистичка партија има помалку од четвртина од местата во Долниот дом и ќе има проблем да добие поддршка за носење на законот, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Политичката ситуација во Шпанија стана крајно чувствителна со приближувањето на почетокот на судењето, закажано за вторник, на 12 каталонски лидери, меѓу останатото обвинети и за побуна поради своето учество во неуспешниот обид за осамостојување на Каталонија во 2017 година.