Воени бродови на САД пловеле во близина на острови под контрола на Пекинг

Два американски воени бродови пловеле во близина на острови во Јужното Кинеско Море за кои Кина тврди дека се нејзина територија, изјави денеска неименуван американски претставник.

Претставникот рече дека два разорнувачи пловеле на околу 12 наутички миљи од гребенот „Мисчиф”, кој е дел од спорните острови Спретли.

Кина полага право на поголем дел од стратешкиот воден пат во Јужното Кинеско Море и ги изгради островите на гребени, и ги опреми со воени објекти.

Односите меѓу САД и Кина се влошија поради ескалирачкиот трговски спор, а особено пред 1 март, кога истекува рокот за постигнување трговски договор меѓу двете земји.

Треба да знаете
Последни објави