Воен хеликоптер се урна денес во двор од зграда во станбен дел од азискиот дел на Истанбул, потврди за турските медиуми гувернерот на градот, Али Јерликаја.
Хеликоптерот за урнал при принудно слетување, а според првичните податоци, тоа се случило поради технички проблеми. Четворицата војници биле живи кога биле пренсени во болница, но таму починале.
Станува збор за хеликоптер UH-1 исто како и хеликоптерот кој пред три месеци падна во станбен дел на Истанбул, откко удри во кров од зграда, но тогаш немаше загинати.