Комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ изјави денеска дека Унгарија се соочува со многу меѓусебно поврзани предизвици во врска со човековите права, вклучувајќи го и законодавството, кое процесуира граѓански групи, назадување на првото на жената и системско притворање на баратели на азил.
Мијатовиќ, која минатата недела престојуваше во петдневна посета на Унгарија , исто така, изрази загриженост за независноста на медиумите и правосудството.
Таа изјави дека „просторот за работа на невладините организации, борците за човекови права и новинарите, кои ја критикуваат Владата е многу тесен и ограничен” и го повика премиерот Виктор Орбан да „го смени својот загрижувачки курс” за човековите права.