Откриени две групи со 16 мигранти кај Табановце

Две групи со вкупно 16 миграти биле откриени во близина на Табановце. Како што информира полицијата, вчера во 7:35 часот на автопатот Табановце-Куманово возило „мерцедес“ не застанало на даден знак и се упатило кон граничниот премин Табановце. По преземени мерки, во 8:20 часот во село Табановце, на место викано Чивлук, било пронајдено патничкото возило „мерцедес“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, Скопско, а во негова близина била пронајдена и група од 10 мигранти (шест лица од Пакистан и четири лица од Сирија).

Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени шест мигранти (пет од Ирак и едно лице од Иран). Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави