Фудбалерите на Челси вчера беа декласирани на гостувањето кај Манчестер Сити со 6:0, а секако, тренерот Маурицио Сари ќе биде прв на тапет кај управата на клубот.
После натпреварот, новинарите го запрашаа Маурицио Сари дали се плаши од повик од Абрамович, односно од можен отказ.
„Доколку претседателот ми се јави, ќе бидам среќен, затоа што досега никогаш се немаме слушнато“, изјави Маурицио Сари.
Инаку, Италијанецот немаше ништо позитивно да каже во врска со натпреварот и тешкиот пораз.
„Мораме да пронајдеме објаснување за ова во следните часови. Имав добро чувство пред натпреварот. Примивме глупав гол во воведните минути и тоа влијаеше на целиот натрпевар. Манчестер Сити играше одлично, а ние бевме лоши“, изјави Сари.