Целосно заглавен во деструктивноста, не можејќи да се помири со успехот на Македонија, антинародниот Христијан Мицкоски паѓа сè пониско. Мицкоски злоупотребува дури и човечки трагедии и тоа го смета за сопствена промоција, соопшти СДСМ.
Според партијата, криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, скандалите со паралелниот увоз на лекови, придонесе да опадне опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет.
„Мицкоски молчеше.Мицкоски со години беше дел од криминална власт која го уништуваше здравството, ги потценуваше лекарите и ги погазуваше правата на пациентите. Мицкоски не кажа ниту збор, беше посветен единствено на бизнисот со хидроцентралите.
Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше за Клинички центар, а потпишало договор за изградба на Клинички центар што немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Мицкоски молчеше, фокусиран да ја поскапи струјата за 100 отсо.
Затоа неговите однапред снимени обраќања се лицемерни, нереални и полни со лажна загриженост.Борбата на институциите со епидемијата на морбили продолжува, се преземаат сите неопходни мерки. Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството за здравство и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Досега вакцинирани се над 6.000 лица со МРП вакцината и над 50 отсто од невакцинираните деца”, се додава во реакцијата.