Стручните комисии од денеска ќе ги разгледуваат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година.
„Со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година“, соопштија од Министерството.
Од таму појаснија дека одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета