Филмот „Рома“ на Алфонско Куарон синоќа во Лондон ја освои наградата за најдобар филм на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).
Драмата која го прикажува животот на куќната помошничка во семејство од средната класа во Мексико Сити на почетокот на 70-те години од минатиот век го победи „Фаворитката“ на Јоргос Лантимос.
Куарон е прогласен за најдобар режисер, а „Рома“ ја доби наградата во вкупно четири каегории, наведе „АП“. „Фаворитката“ имаше 12 номинации.