Борусија Дортмунд иако имаше водство од 3:0 против Хофенхајм, сепак „Милионерите“ останаа со само еден бод откако им дозволија на противниците да направат херојски кам-бек до конечни 3:3.
Тоа го искористија Баварците кои нешто подоцна славеа против Шалке со 3:1 и така ја намалија предноста на Борусија Дортмунд на само пет бода.
Хамес Родригез после натпреварот изјави дека сега притисокот е врз Борусија, затоа што не смеат да испуштат бодови пред можеби одлучувачкиот дуел против Баерн кој се игра во април.
„Тие знаат дека ако направат кикс, ќе мора да дојдат и тука, така да сега се под притисок. Ние секогаш сме под притисок, но мислам дека ќе продолжиме да играме на високо ниво и мислам дека сега Дортмунд е екипата која што е под притисок“, изјави Хамес Родригез.