Роналдо се соочи со навивач на терен

Кристијано Роналдо се најде очи во очи со навивач на вчерашната средба на Јувентус со Сасуоло.

Навивачот влета на теренот и пред него го изведе познатиот начин на кој Португалецот ги прославува головите.

Навивачот успеа во текот на второто полувреме да им побегне на членовите на обезбедувањето и да стигне до Роналдо на теренот.

Португалецот пријателски се поздрави со него, а набрзо потоа стигнаа членовите на обезбедувањето кои го изнесоа од теренот.

Тоа беше само мал прекин на одличниот натпревар што го одигра Роналдо, кој даде еден од трите погодоци за победа на Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави