Нането ни е многу позната билка, бидејќи расте на поднебјето на целата држава. Тоа е еден од најчесто користените чаеви, со одличен вкус и мирис.
Тоа било користено уште од Римјаните како помош за болките во стомакот. Богато е со антиоксиданти и минерали кои нудат многу бенефити за нашето здравје. Одличен извор е на магнезиум, калиум, калциум и витамини А и Ц.
Ги намалува главоболките – ги релаксира крвните садови во мозокот, така што помага во намалување на болката кај мигрената и останатите главоболки. Многу луѓе наместо чај го користат и етеричното масло од нане со што ја намалуваат болката на тој начин, од неговиот мирис.
Помага кај синусните воспаленија – чајот од нане ги намалува болката и притисокот кои се предизвикани од синусните воспаленија.
Го подобрува варењето – чајот од нане го подобрува варењето и ги намалува гасовите предизвикани од лошото варење. Исто така, помага и кај намалување на болката во стомакот и желудникот.
Ги намалува менструалните симптоми – корисно е за жените кои се соочуваат со проблеми предизвикани од менструланиот циклус, како што се болката, мачнината и ги смирува контракциите во матката.
Ги намалува бактериските инфекции – тоа содржи антибактериски, антивоспалителни компненти кои ги спречуваат инфекциите.
Добра вест за оние кои имаат проблеми со кофеинот е дека воопшто не содржи кофеин, така што е одличен да се конзумира пред спиење. Некои луѓе пијат чај од нане пред спиење за да се релаксираа