На свечена церемонија, денеска, пред Владата беше кренато знамето на НАТО. Премиерот Зоран Заев рече дека со влезот во НАТО почнува нова страница во историјата на Македонија.
„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето ја одредува иднината, и тоа не само нашата, туку и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече Заев.
Тој истакна дека Македонија овие денови ја почнува следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди. Заев рече дека веќе никој нема да нè блокира од надвор.
Фото: Слободан Ѓуриќ