Град Скопје денеска /12.02.2019 година/ испрати допис до сите државни институции, претпријатија и поголеми компании каде што се наведени сите сообраќајници и објекти на кои се предвидени градежни активности во 2019 година.
Како што најави градоначалникот Шилегов, Градот Скопје ќе донесе нов правилник за издавање дозволи за вршење прекопи на улиците, и во иднина ќе има заострени критериумите за добивање дозвола за вршење прекоп на улиците, повисоки критериуми за начинот на кој ќе се вршат овие прекопувања, како и скратени рокови за завршување на градежните активности.
Во дописот Град Скопје ги потсети државните институции, претпријатијата и компаниите дека по завршувањето на градежните работи на објектите нема да бидат дозволени попречни и надолжни прекопи на сообраќајницата во наредните 3 години, сметано од денот на технички прием на објектот. Поради овие причини, доколку постои потреба од поставување на некакви инсталации или друг вид на градежни интервенции на посочените сообраќајници, потребно е да се поднесе барање до Град Скопје со цел координирање на понатамошните активности.
Во прилог ја објавуваме листата на градежни објекти кои Град Скопје планира да ги реконструира во 2019 година
| Изградба на бул. АСНОМ ( фазна реализација од булевар Србија до Хотел Русија) | Јануари |
| Реконструкција, одржување ул. Димитрија Чуповски (од бул.Св. Климент Охридски до бул. Даме Груев-кај Палома бјанка) | Јавна набавка во тек |
| Изградба на ул. Борис Сарафов | Февруари |
| Изградба, одржување и реконструкција на ул.Февруарски Поход | Февруари |
| Реконструкција, одржување на ул. Ѓорче Петров потег од општинската зграда до Макпетрол бензиска | Февруари |
| Реконструкција, одржување на бул. Кочо Рацин | Февруари |
| Реконструкција, одржување на ул. Љубљанска | Февруари |
| Реконструкција, одржување на бул. Партизански одреди од бул. 8ми Септември до мост Обединети Нации – фазна реализација | Март |
| Изградба, одржување и реконструкција на Надвозник ( вкрстување на бул Александар Македонски со Пролетна офанзива ) | Март |
| Реконструкција на ул. Лазар Личеновски од под Кале до Американска амбасада | Март |
| Реконструкција, одржување на ул. Индира Ганди (фазна реализација) | Март |
| Реконструкција, одржување на ул. Александар Урдаревски од кружен тек со ул.Боца Иванова до ул.Бутелска | Март |
| Реконструкција, одржување на ул. Московска | Март |
| Реконструкција на бул. К.П.Мисирков (потег од бул.Гоце Делчев до мост на булв. Никола Карев) | Март |
| Изградба, одржување и реконструкција на нов кружен тек на бул.2 ра Македонска бригада | Април |
| Реконструкција, одржување на ул. Благоја Стефковски( фазна реализација) | Април |
| Изградба, одржување и реконструкција на дел од ул. Теодосиј Гологанов кај клуб на пратеници (меѓуопштинска соработка) | Мај |
| Изградба, одржување и реконструкција на ул.Ферид Мурати | Мај |
| Изградба, одржување и реконструкција на ул. Димо Хаџи Димов | Мај |
| Реконструкција на ул. Живко Фирфов | Јуни |
| Реконструкција, одржување на ул. Павел Шатев и ул.Црниче до ул. Востаничка | Јуни |
| Изградба, одржување и реконструкција на ул.Македонско Косовска бригада – фазна реализација | Септември |
| Изградба на бул. Хрватска – фазна реализација | Септември |
| Изградба на бул.Љубљанска од бул. Илинден до бул.Словенија ( фазна реализација ) | Септември |
| Изградба на бул.Јужен Булевар со К.Охридски и со Кочо Рацин (ЛИМАК) – фазна реализација | Септември |
| Проширување и реконструкција на ул. Александар Урдаревски | Октомври |
| Изградба на ул. Есенинова и подземни бунари со линиски системи | Октомври |
| Реконструкција, одржување на бул. Никола Карев (четврта лента) | Декември |
| Изградба на ул.Боца Иванова – фазна реализација | Декември |
| Изградба, одржување и реконструкција на ул. Брадфордска – фазна реализација | Има договор за изведба |
| Изградба, одржување и реконструкција на ул. Андон Димитров (Жарко Зрењанин) – Меѓуопштинска соработка | Има договор за изведба |



