Неколку причини зошто треба денот да го започнете со салата

Салатата може да се јаде за појадок во било која комбинација, важно е да содржи разновиден зеленчук. Тоа што ќе го изедете наутро најчесто диригира какво ќе биде вашето расположение во текот на денот.

Што велат нутриционистите, со каков оброк е најдобро да го почнете денот?

„Доколку за појадок јадете тешка храна, веројатно остатокот на денот ќе го минете во лошо расположение бидејќи организмот ќе троши повеќе енергија за варење. Јајцата, житарките и зеленчукот обезбедуваат повеќе енергија отколку храната која содржи јаглехидрати и шеќери. Тие го стабилизираат нивото на шеќер и му даваат на организмот доволно енергија да функционира до наредниот оброк“, вели нутриционистка.

Тестенините и снегулките со многу шеќери често се поврзуваат со лошо расположение и послабо ниво на енергија. Од друга страна, протеините и влакната во салатата го стабилизираат расположението и помагаат полесно да се фокусираме. Зеленчукот може да се комбинира со кисело млеко, грчки јогурт или варени јајца за да го зголемите внесот на протеини. Може да додадете и маслиново масло, бидејќи е богато со здрави масти.

Досегашните истражувања покажале дека витаминот Б12 кој се наоѓа во зеленчукот може да го зголеми нивото на среќа. Нутриционистите препорачуваат барем неколку пати во неделата денот да го започне со салата и да обрнете внимание на промените кои ќе следат. Во салатата слободно додадете варени кајца или други вкусни состојки и уживајте во појадокот.

 

Треба да знаете
Последни објави